
87-годишна скопјанка вчера се задушила во нејзиниот дом, каде претходно настанал пожар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 10:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во домот каде претходно настанал пожар била пронајдена почината Х.М.(87) од Скопје, која починала од задушување.
Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил и увид.























