
Труп на човек бил пронајден во водите на реката Вардар кај Демир Капија од Сектор за внатрешни работи – Велес.
Според информациите од СВР – Велес, вчера околу 15:30 часот во ОВР – Неготино била пријавена појава на човечки леш во фаза на распаѓање во водите на реката, под мостот на општинскиот пат што води од село Корешница кон Демир Капија.
Екипа на Територијалната противпожарна единица – Неготино го извлекла телото, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Неготино, по овластување на јавен обвинител.
По наредба на јавниот обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта, соопштија од СВР – Велес.























