
На 24.02.2026 во 10:00 часот на крстосница од бул.„Илинденска“ со ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово. При сообраќајна контрола, бил сопрен мопед инг“ со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал малолетникот, при што било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, 15-годишникот е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во присуство на родител, а мопедот е одземен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
…
На 24.02.2026 во 22:40 часот на крстосница од бул.„Благоја Тоска“ со ул.„ЈНА“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.Д.(24) од с.Ѓермо, тетовско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници од СВР Тетово запреле патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
…























