УТРО.мк

Кина планира голема набавка на авиони од Ербас, потврди Мерц по средбата во Пекинг

Кина планира голема набавка на авиони од Ербас, потврди Мерц по средбата во Пекинг
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Кина планира да нарача до 120 авиони од Ербас, по неговата средба со кинескиот претседател Си Џјинпинг во Пекинг.

Како што пренесува германскиот неделник Шпигел, Мерц нагласил дека евентуалниот договор претставува значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка меѓу Германија и Кина.

„Кинеското раководство ќе нарача значителен број дополнителни авиони од Ербас“, изјави Мерц, додавајќи дека се разгледуваат и други можности за договори со германски компании, иако дел од нив сè уште не се финализирани.

Сепак, покрај позитивните сигнали за економската соработка, германскиот канцелар предупреди на растечкиот трговски дисбаланс меѓу двете земји. Според него, трговскиот дефицит на Германија со Кина надминува 80 милијарди евра.

„Овој дефицит е четири пати поголем во споредба со 2020 година, што не е одржливо“, посочи Мерц, потенцирајќи ја потребата од порамноправни услови и поголема транспарентност во трговијата.

Тој додаде дека постои простор за понатамошен економски раст, но дека за тоа е неопходен поинтензивен дијалог меѓу Европската Унија и Кина, особено во делот на трговската и монетарната политика.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран