
Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е приклучен на респиратор поради обострано воспаление на белите дробови, откако неговата здравствена состојба нагло се влошила. Лекарите од Клиничкиот центар во Белград ја следат неговата состојба и велат дека наредните 72 часа се клучни за неговото закрепнување.
„На респиратор е, добива сите потребни лекови и со механичката вентилација купуваме време за нивното дејство“, изјави Спасое Поповиќ, помошник-директор на Клиниката за пулмологија.























