
Сериозна сообраќајна криза се развива на меѓународниот правец Либражд – Прењас поради огромно свлечиште што го уништи коловозот и мостот кај Прењас, што во целост го спречи сообраќајот кон југoисточна Албанија. Најфреквентната рута што ги поврзува Македонија и Албанија е практично парализирана, а граничните премини бележат драматични застои.
Десетици товарни камиони и лесни возила стојат закочиени на пристапните патишта со денови, чекајќи да се пронајде привремено решение за продолжување на патувањето. Најголемиот удар е на делницата Ќафасан – Елбасан, каде што од срушениот терен освен оштетениот коловоз, е извршено и значително поместување на мостната конструкција, што го прави сегашниот премин нефункционален.
За патниците со лесни возила властите советуваат користење на алтернативни, секундарни правци, но предупредуваат на зголемена опасност и потреба од внимателно возење по нив.
Институциите за патишта, во координација со соодветните служби од соседните земји, интензивно работат на оперативни опции за растеретување на граничниот сообраќај. Меѓу разгледуваните решенија е и отворање на преминот “Блато” кај Дебар за меѓународен транзит, како и поголемо искористување на граничниот премин “Какавија” со Грција.
Првичните проценки упатуваат на тоа дека нема брзо решение. Потребно е целосно проектно и градежно решение за реконструкција на коловозот и изградба на нов мост, што ќе одземе значително време.























