УТРО.мк

Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Битола го одбележа завршувањето на две значајни програми за развој на работната сила, реализирани во партнерство со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ, во рамки на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција.

Како што информира Божиновска, повеќе од 600 вработени во АД ЕСМ стекнале нови знаења и компетенции, со што се зајакнуваат капацитетите за поефикасно управување со процесите на трансформација во енергетскиот сектор.

„Инвестирањето во луѓето е најсилната гаранција за успешна енергетска транзиција. Праведната транзиција не значи само чиста енергија, туку и обезбедување место за луѓето во иднината што ја создаваме“, истакна министерката.

Таа нагласи дека промените во енергетиката бараат нови вештини, современи пристапи и континуирано учење, додавајќи дека вложувањето во знаење е подеднакво важно како и инвестициите во нови енергетски капацитети.

Според Божиновска, модернизацијата на енергетскиот сектор започнува токму со луѓето, а преку зајакнување на човечките ресурси се создава поотпорен енергетски систем и посигурна иднина за државата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран