УТРО.мк

Македонец од Канада со силна порака на Зимските олимписки игри

Македонец од Канада со силна порака на Зимските олимписки игри
Vero

Македонецот Лука Стоикос, кој настапува за Канада на Зимските олимписки игри, привлече внимание со гест со кој ја истакна својата културна и духовна припадност.

Стоикос се појави со маица на која е прикажан ликот на свети Климент Охридски, еден од најзначајните духовници и просветители во македонската историја. Маицата, како што информираат негови блиски, потекнува од македонската црква во Торонто, каде што активно се негува македонската традиција и идентитет.

Со овој гест, Стоикос испрати порака за поврзаноста со своите корени, и покрај тоа што настапува под знамето на Канада. Неговиот потег беше поздравен од македонската дијаспора, која го доживеа како симбол на гордост и зачувување на националниот идентитет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран