УТРО.мк

83-годишник од Битола измамен од лажен лекар за 10.000 евра

83-годишник од Битола измамен од лажен лекар за 10.000 евра
Vero

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра. 

Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. 

Како што е приајвено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син сфатил дека е измамен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран