УТРО.мк

Планирани прекини на струја во делови од Тетово и Брвеница

Планирани прекини на струја во делови од Тетово и Брвеница
Vero

Делови од Тетово и Брвеница утре (26 февруари) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат надлежните служби.

Според најавите, во Тетово без струја ќе бидат објекти на улицата „Коле Неделковски“, во близина на Кам маркет, во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Во општина Брвеница, прекини се предвидени во повеќе термини. Дел од населеното место Брвеница ќе биде без електрична енергија од 08:30 до 11:30 часот, како и од 09:00 до 14:00 часот за одредени објекти пред влезот во селото.

Од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе останат и населените места Блаце, Милетино и Челопек, додека во Пршовце и Мала Речица прекините ќе траат од 09:00 до 12:00 часот. Во Пирок, електрична енергија нема да има од 09:30 до 12:00 часот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран