На 05.09.2025 година во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Б.(44) и Х.Б.(33) од село Порој, по претходна расправија околу паркирање, при што физички го нападнале А.С.(35) од Тетово и му го оштетиле патничкото возило „Бив“ со тетовски регистарски таблици.
Следната ноќ, на 06.09.2025 во 00:30 часот, А.С. бил лишен од слобода во Клиничката болница Тетово, откако, по нападот, се заканувал со нож од своето возило кон М.Б. и Х.Б. и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои интервенирале.
По документирање на случајот, против сите вклучени лица ќе следуваат соодветни поднесоци.