Необична сообраќајна несреќа се случила ноќеска околу 01 часот по полноќ на улица Бихаќка во Скопје, непосредно пред влезот на Министерството за внатрешни работи.
Во инцидентот учествувале велосипед и електричен тротинет, при што велосипедистот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болница. Возачот на тротинетот, пак, побегнал од местото на несреќата и по него трага полицијата.
Овој настан следи по неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој се пожали дека и самиот за малку ќе бил прегазен од деца кои управувале со тротинет во центарот на градот.