Во Струга вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која тешко повредена е 16-годишна девојка што управувала електричен тротинет.
Несреќата била пријавена на 6 септември 2025 година во 15:45 часот на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Елпида Караманди“. Во судирот учествувале патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А. (38) од село Шум, и електричниот тротинет на тинејџерката.
Повредената малолетничка веднаш била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Охрид, а случајот се расчистува.