По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, првиот вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија, Изет Меџити, упати честитка до граѓаните.
„8 Септември е ден кога граѓаните избраа да ја напуштат Југославија и да изградат независна држава. Денес таа држава е заедничка, мултиетничка, членка во НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Да ја почитуваме таа патека, на заедништво и европска иднина“, порача Меџити.
Тој истакна дека денот нè потсетува на обврските кои стојат пред државата: изградба на праведен систем, подобар живот за граѓаните, училишта и градинки, како и достапно здравство. Меџити нагласи дека важно е граѓаните да можат да живеат и создаваат дома, а не да заминуваат од земјата.
„Честит празник на сите граѓани“, заклучи првиот вицепремиер.