УТРО.мк

Поддршката во ЕУ за членство на Македонија варира: највисока во Шведска, најниска во Бугарија

Поддршката во ЕУ за членство на Македонија варира: највисока во Шведска, најниска во Бугарија
Vero

Според податоци на „Евробарометар“, поддршката во земјите на Европската Унија за членството на Македонија е различна и често зависи од политички и историски околности.

Највисока поддршка е регистрирана во Шведска со 78%, додека најниска е во соседна Бугарија со само 32%. Во регионот, Хрватска (71%) и Словенија (69%) се издвојуваат со значително позитивен став кон македонското членство, додека Грција има ниска поддршка од 39%.

Од големите земји-членки, Франција бележи 36%, Германија 44%, а Италија исто така 44%. Во исто време, Полска (50%), Шпанија (56%) и Португалија (51%) се во групата со умерена поддршка.

И покрај релативно високите проценти во дел од државите, евроинтеграцијата на Македонија е блокирана поради спорот со Бугарија околу историјата, јазикот и идентитетот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран