УТРО.мк

Димовски со порака за 8 Септември: „Независноста е недовршена задача“

Димовски со порака за 8 Септември: „Независноста е недовршена задача“
Vero

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илина Димовски, по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека независноста не е само календарски датум, туку процес што секојдневно се добива или губи.

„Со секое зрно храна што го увезуваме, а можеме сами да го произведеме, ја губиме независноста. Со секоја спортска победа што нè обединува, ја добиваме независноста. Со секој наш иселеник ја губиме, а со секој повратник ја добиваме независноста“, порача Димовски.

Тој додаде дека независноста не е завршен процес, туку недовршена задача која се брани со ум, разум и вредности што ќе им дадат сила на добрите, паметните и чесните.

„Нека е честит Денот на независноста на Република Македонија! Нека е вечна идејата за слобода и независност на Македонија!“, порача Димовски во своето обраќање.

.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран