УТРО.мк

Колони и повеќечасовни чекања на границите и патиштата по продолжениот викенд

Колони и повеќечасовни чекања на границите и патиштата по продолжениот викенд
Vero

По продолжениот викенд, низ земјата се создадоа големи колони и сообраќаен метеж на повеќе клучни локации. Најголемите гужви се забележуваат на граничните премини со Грција, каде што времето на чекање за влез во Македонија достигнува неколку часа. На „Евзони“ возачите чекаат од еден и пол до два часа, на „Дојран“ околу два часа, а исто толку и на „Меџитлија“.

Слична состојба има и на граничниот премин „Ќафасан“ кон Албанија, каде што колони од возила се протегаат со километри. Дополнителни проблеми им создава на патниците и метежот на патниот правец Охрид – Скопје, особено на потегот од Стража до Гостивар, каде што се чека речиси два часа.

Надлежните апелираат до возачите да бидат трпеливи, внимателни во сообраќајот и подготвени за подолг период на чекање при враќањето од патување.

Фото/извор: Скопје Инфо

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран