На 25 септември 2025 година, во Битола, 85-годишна жена е прегазена на крстосница од булеварот „1 Мај“, улиците „Филип Втори Македонски“ и „Јане Сандански“.
Според пријавата во СВР Битола, во 07:50 часот патничко возило „Форд Фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (31) од Битола, удрило во пешакот М.К. (85) од Битола. Жената се здобила со тешки телесни повреди и била префрлена во Клиничката болница Битола, каде ѝ е укажана медицинска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.