УТРО.мк

Скандал во Струмица: поранешни и актуелни директори обвинети за неправилности

Скандал во Струмица: поранешни и актуелни директори обвинети за неправилности
Vero

Секторот за внатрешни работи – Струмица поднесе кривична пријава против тројца поранешни и актуелни вработени во Казнено-поправната установа затвор „Струмица“. Станува збор за поранешниот директор Б. Ц. (41), поранешниот вршител на должноста директор В. М. (36) и заповедникот на затворската полиција В. Т. (42).

Тие се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Според истрагата, Б. Ц. и В. М., додека ја извршувале функцијата, постапувале спротивно на правилникот на установата, издавајќи решенија за користење погодности без да биде спроведена пропишаната постапка.

Б. Ц. во три наврати му овозможил на едно осудено лице краткотраен излез од затворот, додека В. М. седум лица им овозможил краткотраен излез во 32 наврати, а на две лица им дозволил годишен одмор без исполнување на условите. Тој исто така овозможил четири лица да бидат префрлени од полуотворено во отворено одделение без исполнување на критериумите.

Кривична пријава е поднесена и против В. Т., кој од В. М. добил писмено овластување за работа во областа на ресоцијализација и покрај тоа што немал соодветно образование, а истовремено продолжил да ја раководи затворската полиција, извршувајќи две неспојливи функции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран