Денеска околу 11:40 часот на булеварот „Илинден“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага и од СВР Тетово лишиле од слобода Н.Х. (39) од Тетово, која била во бегство од КПД Идризово.
Таа е осудена на казна затвор од четири години и шест месеци за кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а за доиздржување ѝ останува уште една година и шест месеци.
Н.Х. веднаш е предадена на КПД Идризово за продолжување на издржувањето на казната.