УТРО.мк

Скопје: Италијанец нападнат пред популарен угостителски објект!

Скопје: Италијанец нападнат пред популарен угостителски објект!
Vero

Четириесет и тригодишниот Ф.Т. од Италија рано утринава пријавил дека синоќа пред полноќ бил физички нападнат пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје.

Според полициското соопштение, настанот се случил околу 23:40 часот на 18 септември, а случајот веднаш е регистриран во СВР Скопје, каде што се преземаат потребните мерки за расчистување на инцидентот.

Полицијата ги собира информациите и трага по сторителот на нападот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран