Владата на Косово денеска усвои одлука за заострување на санкциите кон Русија и Белорусија поради војната во Украина, јавува „Репортери“. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, изјави дека мерките се предложени од Министерството за надворешни работи како продолжение на европските и американските рестрикции кон Москва и Минск.
„Со цел да се поддржи спротивставувањето на агресијата на Руската Федерација против Украина, се донесува одлука за спроведување на 15-тиот, 16-тиот, 17-тиот и 18-тиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, како и дополнителни мерки“, рече Свечља.
Новите рестрикции ги таргетираат превозниците на сурова нафта и други нафтени деривати, а 17-тиот пакет вклучува економски и индивидуални мерки насочени кон ограничување на руските приходи од енергија, кои се користат за финансирање на војната. Дополнително, санкциите се прошируваат и врз стратешки сектори, меѓу кои и банкарството.