Од следниот петок, 26 септември, стапуваат во сила построги законски одредби кои ќе го казнуваат користењето мобилен телефон и други електронски уреди додека се преминува улица или се управува со велосипед, тротинет, мопед, мотор, трактор или четирицикл.
Преминувањето на пешачки премин со мобилен ќе се казнува со 40 евра, додека возачите на велосипеди и моторни возила кои користат телефонски уреди ќе се соочат со казна од 50 евра. Законската регулатива истакнува дека не е дозволено користење на слушалки, таблети, смарт часовници или други уреди кои го намалуваат вниманието, освен специјализирани уреди вградени во заштитни шлемови.
Системот за мониторинг „Сејф сити“ официјално е легален за користење, но камери ќе почнат со редовно следење од Нова година. До тогаш, ќе работи во пробен режим.