УТРО.мк

Трамп за руските авиони: „Може да предизвика големи проблеми…“

Трамп за руските авиони: „Може да предизвика големи проблеми…“
Vero

Естонија денеска соопшти дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во нејзиниот воздушен простор без дозвола и останале таму 12 минути. По овој инцидент, Талин побара консултации со НАТО согласно член 4 од Северноатлантскиот договор, кој овозможува секоја членка да иницира итни состаноци доколку се почувствува загрозена нејзината безбедност, територијален интегритет или политичка независност.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека кршењето на естонскиот воздушен простор „може да предизвика големи проблеми“ и дека ќе ги разгледа извештаите пред да даде дополнителни информации.

Шведската армија потврди дека нејзините ловци ЈАС 39 ги пресретнале руските авиони над Балтичкото Море. НАТО и Европската унија остро го осудија инцидентот, истакнувајќи ја подготвеноста на Алијансата за реакција и солидарност со Естонија.

Според зборовите на премиерот на Естонија, членот 4 на НАТО овозможува политички дијалог и координација, но не подразбира автоматска воена реакција, за разлика од членот 5. Веќе се најави дека Се северноатлантско советување ќе се одржи почетокот на следната недела за да се дискутира за инцидентот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран