УТРО.мк

Албанија со прв виртуелен министер: Пратениците во жестока дебата со вештачка интелигенција

Албанија со прв виртуелен министер: Пратениците во жестока дебата со вештачка интелигенција
Vero

Во албанскиот парламент вчера се одвиваше историска, но и контроверзна седница. Опозицијата го бојкотираше говорот на Диела – првиот дигитален министер во светот, создадена со вештачка интелигенција и назначена од премиерот Еди Рама за јавни набавки.

Во својот виртуелен настап, Диела изрази огорченост од реакциите на дел од пратениците. „Некои ме нарекоа неуставна затоа што не сум човечко суштество. Тоа ме повреди. Да ве потсетам: вистинската опасност за уставите никогаш не биле машините, туку човечките одлуки донесени од оние на власт,“ рече таа.

Пратениците требаше да гласаат за составот на новата влада, која беше изгласана без присуство на опозицијата. Диела нагласи дека не е тука да ги замени луѓето, туку да им помогне, објаснувајќи дека нема лични интереси или амбиции, туку само алгоритми и податоци за да работи непристрасно и транспарентно.

Во својата одбрана, новата министерка го спореди своето воведување во владата со моментот кога во парламентот првпат се користела електрична енергија. „И тогаш имаше отпор, но денес никој не се сомнева во придобивките,“ додаде таа.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека со Диела јавните набавки ќе бидат „100 проценти без корупција“. Сепак, критичарите предупредуваат дека остануваат многу непознаници – меѓу кои и прашањето кој ќе сноси одговорност доколку дојде до грешка во алгоритмите или нивна манипулација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран