На 18.09.2025 во 19:00 часот на крстосница од улица „Тодор Циповски Мерџан“ со улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Д.С.(33) од с.Глоѓи, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:45 часот на градскиот плоштад физички го нападнал Ќ.И.(62) од с.Пршовце, тетовско. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.