УТРО.мк

Македонците плаќаат двојно повеќе за iPhone 17 Pro отколку во САД

Македонците плаќаат двојно повеќе за iPhone 17 Pro отколку во САД
Vero

Најновиот iPhone 17 Pro со 256GB меморија веќе е достапен за македонските потрошувачи, но по цена која е значително повисока од официјалната. Додека во САД истиот модел чини 1.099 долари (околу 935 евра), во Македонија неговата цена изнесува дури 93.990 денари, односно околу 1.530 евра.

И покрај високата цена, побарувачката за најновите модели на iPhone останува стабилна. Домашните љубители на технологијата често се подготвени да платат повеќе за да бидат меѓу првите кои ќе го поседуваат уредот.

Сепак, расте бројот на граѓани кои телефонот го набавуваат преку онлајн продавници или преку пријатели од странство, каде цената е значително пониска. Овој тренд го заобиколува локалниот пазар, кој се смета за еден од најскапите во регионот кога станува збор за Apple производи.

Парадоксот останува – и покрај пониските просечни примања во земјата, новите модели на „јаболкото“ се луксуз кој чини значително повеќе отколку во земји со повисок животен стандард.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран