УТРО.мк

Доктор предупредува: Ова домашно средство за настинка може да биде опасно за децата

Доктор предупредува: Ова домашно средство за настинка може да биде опасно за децата
Vero

Со почетокот на есенскиот период и враќањето на децата во училишта, расте и бројот на настинки и грипови. Многу родители се обидуваат да ги ублажат симптомите со домашни лекови, меѓу кои е и инхалацијата со врела вода.

Д-р Ворвик Тиг, директор на Кралската детска болница во Мелбурн, предупредува дека оваа практика не е безбедна. „Инхалацијата со врела пареа може да предизвика повеќе штета отколку корист. Децата може да се изгорат од водата или од пареата, особено по лицето“ вели д-р Тиг.

Наместо тоа, тој препорачува безбедни методи за лечење на настинка и грип: соодветни лекови, внес на многу течности, одмор, топла бања или туширање со топла вода. Доколку симптомите загрижуваат, најдобро е да се побара лекарска помош.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран