УТРО.мк

(Фото галерија) Во Скопје ќе биде осветен новиот храм „Св. Цар Константин и Елена“

(Фото галерија) Во Скопје ќе биде осветен новиот храм „Св. Цар Константин и Елена“
Vero

Со голема свеченост на 28 септември 2025 година ќе биде осветен новиот православен храм посветен на светите цареви Константин и Елена, изграден во центарот на Скопје.

Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Литургијата ќе започне во 8:30 часот, а од МПЦ-ОА ги повикуваат верниците масовно да присуствуваат на овој значаен духовен и историски настан.

Храмот, кој важи за еден од највеличествените нови духовни објекти во главниот град, е посветен на двајцата светители чијашто мисија била длабоко врежана во историјата на христијанството – цар Константин, кој го легализирал христијанството, и неговата мајка, светата царица Елена.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран