На 18.09.2025 во 17:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во ниви во атарот на с.Слатино, тетовско, настанал пожар на сува трева, грмушки и околу 600 бали од сено, сопственост на Е.Б.(52) од с.Слатино. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема.