УТРО.мк

Руски напад со „клизна бомба“ врз болница во Харкив

Руски напад со „клизна бомба“ врз болница во Харкив
Vero

Руската војска утрово околу 11:40 часот по локално време изврши напад со т.н. „клизни бомби“ врз градот Харкив, при што најмалку едно лице го загуби животот, а најмалку 12 други се повредени, меѓу кои и едно дете, соопштија локалните власти.

Метата на нападот била болница во Индустрискиот округ на Харкив. Бомбата го пробила покривот на здравствената установа, а оштетена била и соседна станбена зграда. Четворица од повредените се хоспитализирани.

Гувернерот на Харкивската област, Олег Синегубов, информираше дека нападот доаѓа во контекст на зголемени руски воздушни удари врз Харкив, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа нешто повеќе од 20 километри од руската граница.

Само еден ден претходно, на 24 јули, Русија нападна со две слични бомби, при што беше погодена станбена зграда, а над 40 лица беа повредени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран