УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Нашата генерација има света должност – да ја чува и унапредува Македонија

Ѓорѓиевски: Нашата генерација има света должност – да ја чува и унапредува Македонија
Vero

Скопје, 2 август 2025 – По повод големиот празник Илинден, градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, упати инспиративна порака до граѓаните, повикувајќи на заедништво, љубов и посветеност кон татковината.

„На Илинден, нашите предци ја започнаа борбата за македонската држава, а ние денес имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја“, порача Ѓорѓиевски.

Тој го потсети историското значење на 2 август 1903 година и Илинденците од 1944 година, како столбови врз кои е изградена современата македонска држава. Според него, пламенот на слободата што тогаш бил запален, и денес продолжува да гори преку секој горд граѓанин кој ја љуби својата земја.

„Јас верувам во нашата генерација! Македонија ќе живее, затоа што има синови и ќерки кои безрезервно ја љубат“, нагласи градоначалникот на Кисела Вода, честитајќи го празникот со зборовите: „Честит и вечен нека е Илинден!“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран