УТРО.мк

Приведен тетовец: Барал пари од поранешната партнерка за да не објави експлицитни снимки

Приведен тетовец: Барал пари од поранешната партнерка за да не објави експлицитни снимки
Vero

Полицијата приведе 48-годишен жител на село Долно Седларце, тетовско, по пријава од жена од Тетово дека неовластено биле споделувани и објавувани нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека З.Ѓ. е осомничен за кривично дело по член 152-а во врска со член 24 од Кривичниот законик.

Според пријавата, фотографиите и видеозаписите потекнувале од периодот кога жената и осомничениот биле во врска. Во текот на изминатите две години, З.Ѓ. наводно во повеќе наврати барал од поранешната партнерка да му даде пари, со закана дека во спротивно ќе ги објави снимките.

Во рамки на истрагата, полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово извршиле претрес во домот на осомничениот, со судска наредба. Притоа биле пронајдени и одземени мобилен телефон и лаптоп компјутер.

МВР соопшти дека З.Ѓ. е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin