
Украинските телевизиски канали „Ми – Украина“ и „Ми – Украина+“ беа погодени во Киев од руски ударен дрон, при што зградата претрпела сериозни оштетувања.
Според информациите од украинска страна, ударот го зафатил делот во кој се наоѓаат редакцијата и просториите за вработените, во момент кога новинарите емитувале програма во живо во рамките на националниот телемаратон „United News“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во нападот биле повредени најмалку пет лица. По ударот избувнал пожар во објектот, кој подоцна бил локализиран и изгаснат од итните служби.
Од нападот е оштетен и дел од објектот на телевизијата. Украинските власти го припишуваат нападот на руските сили.
Ова не е првпат објектите на телевизијата да бидат погодени. Според украинските информации, нејзините простории биле оштетени и во руски напад врз Киев на 20 август.

















