УТРО.мк

Проданоски: Да ја чуваме татковината така што секој ден ќе придонесуваме Македонија да биде подобро место за живеење

Проданоски: Да ја чуваме татковината така што секој ден ќе придонесуваме Македонија да биде подобро место за живеење
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.

Проданоски во честитката посочува дека независноста не е само стекнато право, туку и постојана одговорност кон идните генерации.

„Три и пол децении подоцна, најважното прашање пред нас е што ќе оставиме за идните генерации. Државата и нашиот Прилеп се градат со деноноќна работа, со ред, со институции што им служат на граѓаните и со луѓе кои искрено го сакаат своето родно место“, наведува Проданоски.

Тој нагласува дека Прилеп има посебно место во македонската историја, потсетувајќи на значајните датуми и јубилеи што годинава ќе бидат одбележани во градот, меѓу кои 11 Октомври – 85 години од почетокот на Народноослободителната борба, 23 Октомври и 3 Ноември – денот на ослободувањето на Прилеп.

„Историјата е наш патоказ, но и обврска со резултати и конкретни дела да создадеме поубава иднина за сите“, порача градоначалникот.

Во честитката, Проданоски им го честита 8 Септември на сите граѓани, во свое лично име и во име на Општина Прилеп.

„Да ја почитуваме и чуваме нашата татковина така што секој ден ќе придонесуваме таа да биде подобро место за живеење! Нека ни е честит и вековит празникот! За многу години, Македонијо!“, порача Проданоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin