УТРО.мк

Приведен 17-годишник во Тетово: Кај него откриена марихуана

Приведен 17-годишник во Тетово: Кај него откриена марихуана
Vero

На подрачјето на Тетово, во текот на вчерашниот ден, полициските службеници спровеле акција во која бил приведен малолетник на 17-годишна возраст од селото Ново Село, општина Боговиње.

Интервенцијата се случила на улицата „Илинденска“, каде при контрола кај него била пронајдена и одземена марихуана. По настанот, лицето било веднаш спроведено во Полициската станица Тетово.

Во службените простории бил извршен разговор со малолетникот, во присуство на негов родител, согласно законските процедури за вакви случаи.

Од полицијата најавуваат дека по завршување на целосната постапка и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран