УТРО.мк

СВР Битола предупредува: Нов бран телефонски измами со лажни сообраќајни несреќи

СВР Битола предупредува: Нов бран телефонски измами со лажни сообраќајни несреќи
Vero

Секторот за внатрешни работи во Битола упати предупредување до граѓаните поради зачестени обиди за телефонски измами поврзани со наводни тешки сообраќајни несреќи.

Оттаму апелираат особено повозрасните лица да бидат крајно внимателни и да не подлегнуваат на вакви манипулации, кои најчесто се одвиваат преку телефонски повици од лица што лажно се претставуваат како полициски службеници, лекари или други службени лица.

Шемата на измамниците е добро осмислена: тие ги убедуваат граѓаните дека нивно блиско лице, дете или внук, наводно предизвикало сообраќајна несреќа со тешки последици, па дури и смртни исходи или сериозни повреди. Во ваквите сценарија, од жртвите се бара итно да предадат пари за „да се избегне кривичен прогон“ или да се обезбеди итна медицинска интервенција. За да ја зголемат убедливоста, во позадина често се слушаат драматични гласови кои бараат помош.

Од СВР Битола нагласуваат дека станува збор за класична измамничка шема и ги повикуваат граѓаните да не наседнуваат на вакви повици. Доколку добијат сомнителен телефонски контакт, советот е веднаш да ја известат полицијата и да не преземаат никакви чекори под притисок или паника.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран