
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков,којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско поврзување и зацврстување на соработката меѓу земјите од регионот на полето на енергетиката.

Министрите ја нагласија потребата од понатамошнамеѓусебна соработка во регионот како катализатор наинфраструктурните развојни планови , пазарнатаинтеграција во делот на гас и електрична енергија, флексибилноста и сигурноста во снабдувањето. Серазговараше на техничко ниво со владините претставници и систем операторите за гас и електрична енергија. Бешепотенцирана одличната соработка помеѓу системоператорите на четирите земји , со дополнително барање дасе интензивираат нивните контакти и продлабочи нивнатасоработка во понатамошниот период.
На крајот од состанокот во духот на понатамошна соработкабеше договорено да се прошират работните групи со Србијаи Македонија со цел да работат поефективно во насока наградење поврзана, поотпорна, одржлива регионалнаенергетска рамка, усогласена со целите на Европскатаенергетска унија.
При тоа, министерката Божиновска ја истакна важноста и потребата од координација во однос на инфраструктурата, пазарите и политиките, оценувајќи ја како клучна заизградба на поотпорен и поконкурентен енергетски системво Југоисточна Европа.
„Денешната дискусија доаѓа во важен момент за нашиотрегион. Југоисточна Европа се наоѓа во сложена енергетскатранзиција, каде што сигурноста на снабдувањето, интеграцијата на пазарите и декарбонизацијата мора данапредуваат заедно.
Македонија целосно ја споделува оваа визија. Ние смепосветени на зајакнување на енергетската безбедност прекудиверзификација, забрзување на интеграцијата наобновливите извори на енергија и усогласување совнатрешниот енергетски пазар на ЕУ“, нагласи министерката Божиновска на средбата со колегите од регионот, додавајќи дека ниту една земја не може сама да се справи со овие предизвици.
















