УТРО.мк

Виноскоп продолжува во уште подинамично издание: втората вечер ја разбуди Школка

Виноскоп продолжува во уште подинамично издание: втората вечер ја разбуди Школка
Vero

Втората вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп ја разигра Школка со музика, вкусови , безбројни наздравувања и одлично расположение под отворено небо.Публиката уживаше во винската понуда, гастрономските содржини и програмата со DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, кои ја внесоа вечерта во вистински фестивалски тек и создадоа одлична сцена за дружење.


Виноскоп од ден во ден ја засилува својата фестивалска приказна, носејќи нови вкусови, средби и моменти што ја прават Школка едно од најпосетуваните места во Градски парк оваа недела.

Програмата продолжува денес од 18:00 часот, со настапите на DJ Carlito, Огнен Здравковски и Пауза за ракија.
Фестивалот трае до 17 мај, со богата винска понуда, гастрономски содржини, музички настапи и програма за сите генерации.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран