
Жител на Прилеп, 36-годишниот Ѓ.Р., во четвртокот се обратил до полицијата во ОВР Прилеп и пријавил сериозен инцидент поврзан со неговото малолетно дете.
Според неговите наводи, настанот се случил пред околу две недели за време на час по физичко образование во едно основно училиште во градот, кога ученик бил физички нападнат од неколку свои соученици. Дополнително загрижува фактот што еден од учениците целиот инцидент го документирал со мобилен телефон.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е евидентиран во полицискиот билтен, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.
















