
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.М. (63) од Куманово, откако во деловен простор кај него биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно-звучна сигнализација за кои не поседувал дозвола.
Според МВР, акциската контрола била спроведена на 20 октомври, а лицето било лишено од слобода во 14:20 часот. Во контролата учествувале и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и Одделот за граѓански работи при МВР.
Љ.М. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.























