УТРО.мк

Мицкоски: Грантот за канализацијата Зајас-Другово е изгубен, но проектот ќе се реализира и ќе има одговорност

Мицкоски: Грантот за канализацијата Зајас-Другово е изгубен, но проектот ќе се реализира и ќе има одговорност
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Кичево соопшти дека изградбата на канализацискиот систем во Зајас–Другово ќе се финансира од државниот буџет, откако, како што рече, проектот останал без претходно обезбедени средства од ИПА-фондовите поради пропусти во работењето на поранешната власт.

Тој нагласи дека новиот владин тим го „одмрзнал“ процесот и дека реализацијата на проектот продолжува, иако сега целата финансиска тежина паѓа врз националниот буџет. Според него, тоа значи и пренасочување на пари кои би можеле да се користат за други инфраструктурни проекти.

Мицкоски посочи дека ќе се утврдува одговорност за сите кои, како што тврди, придонеле проектот да остане без европска поддршка, најавувајќи и можни правни постапки.

Во својата изјава тој ја критикуваше претходната состојба на инфраструктурата во регионот, посочувајќи дека и покрај одредени вложувања како улично осветлување, основната канализациска мрежа останала нерешена.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран