УТРО.мк

Мицкоски: Делницата Кичево-Охрид ќе биде завршена најдоцна следната година, инвестирани се над милијарда денари

Мицкоски: Делницата Кичево-Охрид ќе биде завршена најдоцна следната година, инвестирани се над милијарда денари
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека работите на патното поврзување на Кичево со Охрид се во напредна фаза и изрази очекување автопатот да биде завршен најдоцна до првиот квартал од следната година.

„Повеќе од една милијарда денари се инвестираат во оваа делница. Тоа е проект што долго беше заборавен, па дури и уништен. Сега конечно се отвора прашањето за одговорност за начинот на кој беше оставен“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека на делницата Гостивар–Букојчани работите исто така напредуваат и речиси половина од околу 30-километарската траса е веќе пробиена. „Имотно-правните односи на овој сегмент се целосно решени, што овозможува изведувачот непречено да ја заврши делницата“, појасни премиерот.

Мицкоски посочи дека со завршувањето на овој автопат, кој беше долги години занемарен, значително ќе се подобри поврзаноста меѓу западниот дел на земјата и туристичките центри, но и дека се разгледува како да се обезбеди одговорност за претходните пропусти.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран