УТРО.мк

Тошковски најави жестока акција против дивеењето со мотори: „Ќе останат без мотори и без можност да глумат моторџии“

Тошковски најави жестока акција против дивеењето со мотори: „Ќе останат без мотори и без можност да глумат моторџии“
Vero

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги казни за возачите на мотори кои со голема брзина, без кациги и со опасно возење ги загрозуваат граѓаните во урбаните средини.


На денешната прес-конференција организирана во рамки на заедничката кампања за безбедност во сообраќајот со А1 Македонија, Тошковски порача дека МВР во наредниот период ќе биде целосно фокусирано на санкционирање на несовесните мотоциклисти.


Тој нагласи дека мерките нема да се однесуваат на вистинските моторџии кои ги почитуваат сообраќајните правила, туку на оние кои, како што рече, „глумат моторџии“ и со опасно однесување предизвикуваат ризик по безбедноста.


„Најавувам дека за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвено светло, го креваат моторот на едно тркало и мислат дека камерите на ‘Безбеден град’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини“, изјави Тошковски.


Министерот употреби и остар речник во пораката до несовесните возачи, потенцирајќи дека институциите ќе реагираат без компромис.
„Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме. Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, порача Тошковски.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека акцијата ќе биде насочена кон возачи кои управуваат мотори со екстремна брзина, минуваат на црвено светло, возат без заштитна опрема и изведуваат опасни маневри по улиците.


Во фокусот ќе бидат и системите за видео надзор во рамки на проектот „Безбеден град“, преку кои, според МВР, ќе се детектираат прекршителите во повеќе градови низ државата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран