УТРО.мк

(ФОТО) Вознемирувачки сцени во центарот на Скопје: Јавно жртвување овен при поставување темел за нова зграда

(ФОТО) Вознемирувачки сцени во центарот на Скопје: Јавно жртвување овен при поставување темел за нова зграда
Vero

Фотографии кои се шират на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции во јавноста, откако на нив се гледа јавно жртвување на овен на градилиште во центарот на Скопје, при поставување темел за нова зграда.


Според објавите, настанот се случил во близина на „Рамстор Мол“, каде во тек се градежни активности за нов објект. На фотографиите може да се забележат работници, градежна механизација и лица присутни на местото додека се изведува чинот.


Сликите за кратко време се проширија на социјалните мрежи и отворија бројни реакции и коментари. Дел од граѓаните ваквиот чин го оценија како вознемирувачки и несоодветен за јавен простор во урбана средина, особено во централно градско подрачје.


Од друга страна, некои коментари посочуваат дека станува збор за стар обичај кој во минатото често се практикувал при започнување изградба на куќи, згради или други објекти, како симболичен ритуал за среќа и напредок.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран