УТРО.мк

ФБИ удри по „трампџиите“ од Велес: Лажни картички, милионски измами и обвиненија во САД – Им се закануваат до 20 години затвор

ФБИ удри по „трампџиите“ од Велес: Лажни картички, милионски измами и обвиненија во САД – Им се закануваат до 20 години затвор
Vero

Американското Министерство за правда поднесе прво обвинение поврзано со измамите со лажни „Трамп“ картички, монети и финансиски производи кои, според американските власти, биле креирани и продавани од лица од Велес.


Обвинети се 25-годишниот Горан Спиридонов и 39-годишната Кристина Јанева од Велес, кои се товарат за измама на голем број американски граѓани преку лажни инвестиции и финансиски производи поврзани со името на американскиот претседател Доналд Трамп.


Според соопштението на Министерството за правда на САД, истрагата ја воделе обвинител од Њујорк и истражител од ФБИ, а обвинетите се гонат за заговор за измама, електронска измама и тешка кражба на идентитет.
Американските власти наведуваат дека делата носат максимална казна до 20 години затвор, додека за тешката кражба на идентитет е предвидена и задолжителна двегодишна затворска казна.


Според истрагата, Спиридонов и Јанева заедно со други лица во 2023 година продавале лажни „Трамп“ картички преку канали на Телеграм и преку онлајн платформата „Marketplace 1“. Во рамки на шемата бил создаден и лажен банкарски систем наречен „ТРБ“. Обвинетите, според американските власти, ги убедувале поддржувачите на Трамп дека со купувањето на овие картички финансиски ќе ја помогнат неговата претседателска кампања и дека картичките содржат десетици или стотици илјади долари кои ќе можат да ги подигнат по изборната победа на Трамп.


„Сите овие изјави се лаги. Производите на „Трамп Бакс“ се безвредни; не можат да се заменат во ниедна банка; и немаат никаква поврзаност со претседателот Трамп, членовите на неговото семејство или членовите на неговата администрација“, стои во соопштението на американското Министерство за правда.
Во него дополнително се наведува дека обвинетите се гонат за заговор за вршење измама и измама по електронски пат, како и за тешка кражба на идентитет.


Случајот повторно го актуализира Велес како центар на интернет измами поврзани со американската политика. Уште во 2016 година градот стана светски познат по мрежата на сајтови со лажни вести кои објавуваа содржини во корист на Доналд Трамп за време на американските избори.
Подоцна, по згаснувањето на тие веб-страници, дел од активностите се префрлија на Телеграм канали, поради што во јавноста се појави терминот „телеграмџии“.
Радио Слободна Европа на македонски јазик уште во февруари 2024 година објави истражување во кое беа посочени околу 70 лица од Велес поврзани со продажба на лажни „Трамп“ картички и финансиски измами насочени кон американски државјани.


По објавувањето на истражувањето, било отворено и предмет во македонското Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но постапката никогаш не добила конечен епилог.
Сега и од МВР и од обвинителството потврдуваат дека биле контактирани од американските истражители и дека ги доставиле потребните информации. Засега нема информации дали САД побарале меѓународна потерница за двајцата обвинети.


По објавувањето на истрагите, дел од интернет страниците и каналите преку кои се вршеле измамите почнале да се гасат.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран