УТРО.мк

МВР се модернизира: „Боди-камери“ и команден центар за оперативна поддршка

МВР се модернизира: „Боди-камери“ и команден центар за оперативна поддршка
Vero

Министерството за внатрешни работи најавува нова фаза во развојот на полициското работење, насочена кон целосна модернизација и зголемување на професионалните стандарди, преку примена на современи технолошки решенија.

Министерот Панче Тошковски истакна дека иднината на полицијата ја гледа во интегриран систем кој комбинира мобилни полициски единици, напредна комуникациска опрема и постојана аналитичка поддршка во реално време. Во таков концепт, возилата на полицијата би функционирале како „движечки станици“, целосно опремени за оперативно делување на терен.

Посебен акцент, според него, се става на воведување „боди-камери“ со можност за двонасочна комуникација, кои ќе бидат директно поврзани со команден центар. Од таму, пак, ќе се обезбедува постојано следење на ситуациите, анализа на податоци и насочување на полициските службеници во реално време.

„Станува збор за модел во кој полициското постапување е поддржано од жив систем на информации и анализа, што овозможува побрзи, поточни и поефикасни реакции на терен“, поентираше Тошковски, нагласувајќи дека целта е создавање на целосно модернизирана и професионално опремена полиција.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран