УТРО.мк

Комисија за заразни болести: Ризикот од хантавирус во Македонија е минимален, но здравствениот систем е подготвен

Комисија за заразни болести: Ризикот од хантавирус во Македонија е минимален, но здравствениот систем е подготвен
Vero

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на својата последна седница ја анализираше актуелната состојба поврзана со појавата на кластери од хантавирус – андес варијанта на светско ниво, при што заклучи дека за нашата држава ризикот од ширење и појава на инфекцијата останува низок, а здравствениот систем е во целост подготвен за евентуално справување со вакви случаи.

Од институцијата беше посочено дека Институтот за јавно здравје веќе располага со потребните реагенси за лабораториска детекција на вирусот, како и со изработени стандардни оперативни процедури кои овозможуваат навремена и прецизна дијагностика.

Истовремено, Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби е оценета како соодветно подготвена за прием и третман на пациенти кај кои би се појавиле симптоми карактеристични за оваа инфекција. Клиниката има обезбедени услови за интензивно лекување, вклучително и механичка вентилација и целосна респираторна поддршка доколку тоа биде потребно.

Во својата анализа, Комисијата дополнително нагласи дека андес варијантата се разликува од останатите форми на хантавирус по тоа што може да се пренесе меѓу луѓе при подолготраен и близок контакт. Сепак, беше подвлечено дека ваквиот начин на пренос не се одвива лесно и брзо, особено ако се спореди со високо заразни респираторни инфекции како коронавирусите.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран