
Во утринските часови во скопски Чаир изби пожар во продажен објект на улицата „Серава“, кој предизвика брза интервенција на противпожарните служби. Огнената стихија била пријавена околу 10:10 часот, а на терен веднаш излегле екипи од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Во гаснењето на пожарот учествувале и неколку лица, при што ситуацијата била ставена под контрола без поголемо ширење на пламените јазици. Сепак, за време на интервенцијата едно лице било изложено на густ чад и поради вдишување било во потреба од лекарска помош.
Повредениот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите интервенирале за укажување на соодветен третман.
















