
Во пелагониското село Добрушево се случи сериозна сообраќајна незгода во која учествувале мотоцикл без регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете, двајцата жители на селото.
Според информациите од СВР Битола, мотоциклот го управувал триесетгодишниот Х.Т., при што дошло до судир со тротинетот на детето. Во несреќата потешко е повредено малолетното дете, додека возачот на мотоциклот се здобил со полесни телесни повреди. Двајцата биле пренесени и згрижени во ЈЗУ Клиничка болница Битола, каде повредите се медицински констатирани.
По извршениот увид на местото на настанот, полициските службеници го лишиле од слобода Х.Т., откако било утврдено дека управувал нерегистрирано возило и без возачка дозвола. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
















